„Со Македонија постоиме, без Македонија ќе не снема“, порача Тодор Петров од пред Собрание

by Fokus

Претседателот на Семакедонскиот конгрес, Тодор Петров истакна дека ги отфрла резултатите од референдумот и бараат оставка од Владата, пренесе „Макфакс

„Денес е голем ден, го одбранивме името и идентитетот. Со Македонија постоиме, без Македонија ќе не снема. Договорот со Грција е отфрлен со овој референдум. Според Уставот пратениците најмалку 2 години не можат да гласаат за договорот со Грција“, изјави од прославата пред Собранието, Тодор Петров.

Петров порака дека спогодбата Димитров- Коѕијас претставува кривично дело што се казнува со затвор од најмалку 5 години. Тој побара од јавниот обвинител да поднесе обвинителен акт против премиерот, министерот и пратениците кои гласаа за договорот и распишување на референдумот со конфискација на имотот.

„Бараме Владата да си поднесе оставка, Собранието да се распушти и да се оди на вонредни избори“, додаде Тодор Петров.

Поврзани новости