Претседателот на Семакедонскиот конгрес, Тодор Петров истакна дека ги отфрла резултатите од референдумот и бараат оставка од Владата, пренесе „Макфакс“
„Денес е голем ден, го одбранивме името и идентитетот. Со Македонија постоиме, без Македонија ќе не снема. Договорот со Грција е отфрлен со овој референдум. Според Уставот пратениците најмалку 2 години не можат да гласаат за договорот со Грција“, изјави од прославата пред Собранието, Тодор Петров.
Петров порака дека спогодбата Димитров- Коѕијас претставува кривично дело што се казнува со затвор од најмалку 5 години. Тој побара од јавниот обвинител да поднесе обвинителен акт против премиерот, министерот и пратениците кои гласаа за договорот и распишување на референдумот со конфискација на имотот.
„Бараме Владата да си поднесе оставка, Собранието да се распушти и да се оди на вонредни избори“, додаде Тодор Петров.