Со мачета упаднал во гимназија во Загреб, учениците во шок

by Fokus

Непознат млад маж вооружен со мачета денеска околу 14 часот упаднал во загрепската класична гимназија, јавува Индекс.хр.

Според информациите, тој влегол во паралелката во која имало ученици и наставник, по што, неофицијално, дошло до вербална пресметка со друг ученик. Тогаш вооружениот млад човек побегнал и сега полицијата трага по него.

Инаку, класичната гимназија е опремена со камери за надзор, па се претпоставува дека тие го снимиле човек кој вооружен со мачета влета во училиштето.

Според неофицијални информации, младиот човек не е ученик на класичната гимназија.

Полицијата се уште е на терен и ги утврдува сите околности на настанот. Наскоро би требало има повеќе информации за необичниот настан.

Поврзани новости