Со Лукас сме маестрален тандем, изненадувањето доаѓа на крај на лето!

by Fokus

Фолк пејачката Сани Гроздановска, која е една од најангажираните на нашата естрада, деновиве имаше заеднички настап со српскиот колега Аца Лукас, на приватна забава во хотел во Скопје. Таа и во минатото во неколку наврати се нашла на иста сцена со популарниот пејач, за време на негови гостувања во Македонија, а од последната средба, за „Фокус” вели дека се изродило нешто ново и убаво.

-Подолго време се знаеме со Аца, а на последниот заеднички настап поминавме преубаво. Тој е личност која си кажува отворено што мисли, многу му се допаѓа моето пеење, а не крие и дека сум му многу убава, тоа ми го кажа неколкупати. Но, она кое и двајцата го сфативме е дека заедно како тандем сме маестрални, нашите вокали и енергија на сцената одлично се вклопија. Затоа веќе падна договорот за дует, кој треба да биде готов кон крајот на летото- ни изјави убавата пејачка.

Таа е самохрана мајка на две девојчиња и од млади години е на сцената. Во претходно интервју за ,,Фокус” раскажа дека е горда на се што постигнала во животот, бидејќи секогаш сама се изборила за секој успех. Со години наназад е редовна на настапи во локали ширум земјава, и учествува на повеќето домашни фолк фестивали.

Вики Клинчарова

Поврзани новости