Со лажна диплома за предач станал полицаец и работел 14 години во МВР

by fokus

Жител на селото Ваксинце, општина Липково, уште во 2003 година успела да се вработи во МВР и тоа со фалсификувана диплома за завршено средно текстилно образование, насока предач. По 14 години, работа во МВР, оттаму информираат дека е поднесена кривична пријава против полицаецот но и за вработен во средното училиште кој му помогнал да се стекне со лажна диплома.

-СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.М. (59) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 и став 3, а во врска со член 45 од КЗ на Р.Македонија и И.М.(38) од с.Ваксинце-Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ по член 380 став 1, а во врска со член 45, од КЗ на Р.Македонија.

Првопријавениот, вработен во ОССУ „Гоце Стојчевски“-Тетово, како училишен социлог во својство на одговорен наставник за вонредни ученици во училиштето, во повеќе наврати, своерачно, внел и запишал лажни податоци и невистинита содржина во педагошки евиденции за И.М, за текстилна струка, насока – предач, кои се воделе во  ОССУ „Гоце Стојчевски“ од Тетово. И.М., и покрај тоа што знаел дека сведетелствата и дипломата за положен завршен испит кои му биле издадени во 2002 година, се лажни и со невистинита содржина, ги употребил како вистински и како доказ во правниот сообраќај и тоа кај Нотар од Куманово при заверка на истите.

Потоа тие документи ги употребил при засновање на работен однос на неопределено време по оглас од работодавецот МВР на РМ како Приправник полицаец во СВР Куманово сметано од 05.05.2003 година. Но документите ги употребил и во текот на сите понатамошни распоредувања во полициски станици, за што од МВР на РМ  од 05.05.2003 година до септември 2017 година, по основ на право на плата, додатоци на плата по разни основи и придонеси му се исплатени 173 месечни бруто плати во точно неутврден износ, за кој износ го оштетил Буџетот на Р.Македонија, се наведува во соопштението на МВР.

Поврзани новости