Со куче придружник граѓаните ќе можат да се возат во автобусите на ЈСП

by fokus

Лицата со посебни потреби со куче придружник ќе можат да се возат во автобусите на  ЈСП и кабините на Жичарницата, информираат од ЈСП.

Како што се наведува во соопштението, одлуката е донесена, бидејќи „кучињата придружници се од голема помош на посочената категорија лица, имајќи во предвид дека тие им се од голема корист како дополнително помагало во извршување на секојдневните обврски и активности“.

Од ЈСП апелираат  и до останатите јавни институции, маркети, кина, театри, трговски центри, да донесат соодветна одлука, а со тоа да се вклучат во подигнување на јавната свест за отворени врати и слободен пристап на кучињата придружници на лицата со хендикеп.

Исто така, им укажуваат на останатите корисници да се воздржат од негативни реакции доколку се доведат во ситуација да се возат со лице со куче придружник, бидејќи кучињата се безопасни по околината, тие се специјално дресирани со намена за придружба и движење на посочената категорија лица.

Поврзани новости