Денеска полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, по добиена судска наредба, извршиле претреси во дом и други простории на неколку локации во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Претрес е извршен на ул.„Рилски Конгрес“ во домот на С.Т.(67), и на ул.„Александар Бујунов“ во две куќи сопственост на М.З.(63). При претресот е најден пиштол и разновидна опрема за копање на криптовалути (16 ригови (машини со кои се копаат криптовалути) со 99 графички картички, 1 мајнер) со кои се вршела кражба на електрична енергија, што било потврдено и од претставници на ЕВН.
Во консултација со Јавен обвинител предметите ќе бидат одземени, а лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.