Со Ковид-19 се повеќе се заразуваат граѓани на возраст од 30-39 години, мажите поголема „мета“ од жените

by fokus

Измината недела, според извештајот на Институтот за јавно здравје, биле регистрирани 666 нови позитивни случаи, што е намалување за над 20% споредено со неделата претходно.

Новите заразени од Ковид-19 пак биле од сите возрасни групи.

-Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 158 (23,7%) позитивни. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (20,7%), 50-59 (18,3%) и 20-29 (17,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (1,8%) и 10-19 години (4,7%).

Податоците покажале и дека поголема „мета“ на корона вирусот се мажите.

-Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 288 (43,2%) лица од женски и 378 (56,8%) од машки пол, пишува во соопштението.

Од вкупниот број на нови случаи, 212 (32,2%) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 24 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

Поврзани новости