Од почетокот на пандемијата на Ковид-19, во светот вирусот е потврден кај 26.816.887 лица, а оздравени се 18.923.666 лица, пренесува „Анадолија“.
Коронавирусот се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на минатата година, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март годинава прогласи глобална пандемија на Ковид-19.
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци во светот како последица на вирусот починаа 879.369 луѓе.
Во светот во моментов има 7.013.852 активно заразени лица.
Од пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени Соединетите Американски Држави (САД) со 6.389.413 заразени и 192.132 починати.
Следуваат Бразил со 4.091.801 заразен и 125.584 починати. Во Индија се заразени 4.027.718 лица, а починаа 69.668.