Поп пејачот Ѓоко Танески, и наш евровизиски претставник во 2010 година во Норвешка, со голем солистички концерт во Антички театар во Охрид ќе одбележи три децении на сцената.
Настанот ќе се случува на 20-ти јули, со почеток од 20 часот, а специјални гости на концертот ќе бидат неговите колеги Драган Мијалковски и Николче Мицевски.
На сцената ќе го придружува и ,,Камерениот Оркестар” од Битола.
-Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: ,,Една Љубов Имам”, ,,Збогум Најмила”, ,,Мој Пријателе”, ,,Никогаш Доста”, ,,Цветај Расцватај”, ,,Купив се”, ,,Јас ја имам силата”, ,,Ти Должам се”… како и останатиот материјал од неговата кариера.
Влезниците се достапни онлајн на мктикетс, како и во продажните салони на литература низ републиката.
Бидејќи ќе биде „ Најдоброто од Ѓоко Танески” концертот ќе се снима со најсовремена техмика за потребите на телевизиски проект.
Оваа година е година е јубилејна за Ѓоко Танески, славиме 30 години кариера, а јубилеите имаат смисол само ако се прославуваат и тоа заедно со драги луѓе- најавија од организацијата на концертот.
Влезниците се пуштени во продажба и цената м е од 600 до 800 денари.
Вики Клинчарова