714
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека со Комисијата за заразни болести предложиле полицискиот час за време на викендот да почнува од 19 часот и трае до 05 утрината.
„Тоа ќе биде дадено и ќе се одлучи на владина седница и после тоа ќе се информира јавноста. За олабавување на мерките, останува да ги следиме состојбите во текот на денешниот ден“ – истакна Филипче.