Премиерката на Италија – Џорџа Мелони денеска беше во посета на Белград.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја пречека на аеродромот со голем букет, а во знак на добредојде беа поставени и знамиња. Но, проблемот е што ја пречекаа со унгарски знамиња.
Знамињата, како и секогаш при пристигнувањето на странските гости, беа поставени покрај автопатот и главните улици во градот, како и пред Палатата Србија, каде што се одржува средбата меѓу италијанскиот премиер и српскиот претседател.
Пред Палатата знамињата беа правилно поставени, но проблемот настанал со поставените покрај автопатот, пишува „Нова.рс“.
Имено, комбинацијата на боите на италијанското и унгарското знаме е иста, но кај унгарската тробојка линиите тие се поставени хоризонтално, а кај италијанското знаме тие се поставени вертикално.
Dolazi nam Premijerka Italije, mentoli, ko god da je, okačili zastavu Mađarske.@avucic da li je stvarno moguće da tamo kod vas , po službama, protokolima, radi neko ko bar za ovo mozga nema…..aman. Blam blam.. pic.twitter.com/Yek6wVCtln
— Nataša Stojanović (@tashananana) December 3, 2023
Пред 5 години сличен гаф се случи и во Скопје. Тогашниот премиер Зоран Заев пред Владата го пречека австрискиот канцелар Себастијан Курц со знамето на Латвија.