685
Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата е во центарот на голем скандал со италијанската компанија „Леонардо“, која доби тендер од 7 милиони евра од М-НАВ.
Според досегашните факти, Рашковски самиот си дал овластување да преговара со „Леонардо“ иако како генсек нема таква одговорност.
Според податоците од анкетниот лист, Рашковски тежи 139.105 евра.
Рашковски на свое лично име има пријавено гаража, земјоделско земјиште во Струмица, стан, три моторни возила, авторски хонорар и депозит. Според податоците од Државната комисија за спречување на корупција, Рашковски има и кредит од над четири милиони денари кој треба да го исплати до 2028 година.