759
Тетовската полиција започна истрага со цел да се открие кој стои зад истрелите од огнено оружје при што се оштетени прозорци од објект на теолошко училиште во градот. Случајот е пријавен утринава, а според пријавителите пукањето и оштетувањето се случило ноќта помеѓу неделата и понеделникот.
–Денеска во СВР Тетово пријавено е дека изминатата ноќ (19/20 септември) засега непознат сторител(и) со истрели од огнено оружје оштетил неколку прозорци од објектот на средното теолошко училиште– Медреса Иса Беу лоциран на улица „Пробиштипска“ во Тетово. Оштетени се прозорци на првиот и погорните катови, односно светларници. Увид извршила екипа на СВР Тетово, информира портпаролот Марјан Јосифоски.