258
Хеликоптер на МВР и два авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување учествуваат во гаснење на големиот шумски пожар над село Отовица што изби попладнето околу 14 часот.
-Со пожарот е зафатена борова шума, а во негово гаснење се вклучени и 20-тина пожарникари со противпжарни возила, десетина вработени од ЈКП„Дервен“ и месното население од село Отовица кое живее во близина на пожарот, информира за МИА, градоначалникот на Велес Марко Колев кој е на терен во подршка на лицата вклучени во гаснење на пожарот.
Тој додаде дека пожарот е на истата локација каде завчера исто така имаше пожар, но со тоа што сега е зафатена и гори поголема површина на борова шума и тоа на непристапен терен.