Со Голф удрил во старец, повредениот е во тешка состојба

by Фокус

Осумдесет и четири годишен старец од кочанското село Горни Полог заработил тешки телесни повреди откако вчера наутро во Кочани бил удрен од Фолксваген Голф 3, управуван од В.С.(43) од село Тркање.

Како што соопштија од полицијата, на повредениот му била укажаната лекарска помош во Здравствен дом Кочани, па бил препратен е на скопската клиника.

Надлежните извршиле увид на местото на настанот за окривање на причините за незгодата.

Поврзани новости