Со „голф“ удрен 40-годишен тетовец на велосипед, возачот избегал од местото на несреќата

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 21.07 часот било пријавено дека во Тетово на ул. „29 Ноември“ кај крстосницата со бул.„Благоја Тоска“, патничко возило „голф“ удрило во велосипед управуван од Л.Л.(40) од Тетово, и го напуштило местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости