Музичарот Гоце Пејковски годинава одбележува 25 години музичка кариера и по тој повод најавува голема прослава – Боемска рапсодија на Боемска улица, Дебар маало, која ќе се одржи на 12-ти јуни, следниот месец.
– Музиката е прва љубов на Гоце. Со неа заспива и се буди цели 25 години. Низ текот на овие години достигна многу успеси, а во моментов ги живее најубавите моменти од својата кариера.
Иако долги години опстојува на музичката сцена, тој успеа да остане доследен на стилот кој го негува и воопшто не подлегна на музичките трендови, ниту пак се фрли на експериментирање кога авторите се во прашање – велат од тимот на Пејковски.
Додаваат дека многупати досега докажал дека е мајстор за добри забави, а одлична забава ветувал и на Боемска улица, за време на прославата.
Вики Клинчарова