1.2K
Попладнево на градските гробишта во Бутел во муслиманскиот дел беше погребан долгогодишниот пратеник Амди Бајрам.
Иако, Министерството за здравство апелираше да не се прават погребни ритуали, со цел спречување на ширење на корона вирусот, на погребот присуствуваа стотици граѓани. Најголем дел од пристуните носеа заштитни маски.
Претходната ноќ, телото на Бајрам беше и изложено во семејниот дом каде пријатели и роднини се простуваа. Пред погребот пак, имаше поворка со возила.