Со години се мачела да роди дете, почина заедно со мајка и додека одеше на породување

by Fokus

Млада трудница загина заедно со нејзината мајка во сообраќајна несреќа додека одела во болница да се породи.

Наставничката по физичко образование Каролина Палермо (26) загина во средата во бразилскиот град Касерес кога автомобилот со кој се возела кон породилиштето се судрил со друго возило, откако изгубила контрола, по лошите временски услови.

Според локалните медиуми, возилото се поделило на половина и дел од него било исфрлено од патот, заедно со еден од патниците.

Во автомобилот била и мајката на жртвата, која на местото на несреќата им подлегнала на повредите.

Каролина била пренесена во болница каде го изгубила бебето, пред да почине неколку часа подоцна.

Сопругот на загинатата трудница се здобил со полесни повреди на главата и скршеници. Локалните медиуми јавуваат дека тој е свесен, но останува во болница.

Роднина на повредената трудница за локалните медиуми изјави дека семејството е скршено.

– Ја испративме со надеж дека ќе се врати со друг член од семејството – изјави роднината.

Таа рекла дека Каролина имала тромбофилија, што го зголемува ризикот од згрутчување на крвта и ја отежнува бременоста.

– Сонот на Каролина беше да стане мајка. Таа претходно имаше два спонтани абортуси бидејќи не можеше да одржи бременост поради тромбофилија. Бременоста беше многу тешка и многу ризикуваше – изјави роднината.

Поврзани новости