Со гасен пиштол се заканувал на старица и ја заклучил во куќата, а потоа психички ја малтретирал и мајка му

by Fokus

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Ј.Ќ. (38) од село Нераште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба”, „противправно лишување од слобода“ и „загрозување на сигурноста”.

Според информациите во полицискиот билтен, на 22 јуни, годинава околу 06.30 часот во село Теарце, тетовско, во домот на В.Ѓ. (69), пријавениот откако одзел гасен пиштол со него упатил закани по животот кон неа, по што ја заклучил во куќата. Потоа, пријавениот се вратил во неговиот дом каде започнал расправија со неговата мајка Ш.Ќ. (71), по што таа пријавила дека била психички малтретирана од него. По преземени мерки, пријавениот бил лишен од слобода, му бил одземен пиштол „МД92ФС БЛОУБЕК”, а во разговор во полициска станица ги признал делата.

Поврзани новости