Со гала концерт на оперската дива Ангела Георгиу отворено 63. „Охридско лето“

by Fokus

Со најпознатите арии на Пучини, Верди, Прокофјев, Брамс… во изведба на светската оперска дива Ангела Георгиу, придружувана од симфонискиот оркестар на Националната опера и балет под диригентската управа на Чипријан Теодорашку, вечерва во Античкиот театар во Охрид беше отворено годинашното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателот Стево Пендаровски, кој од сцената им посака слободна мисла на уметниците, преку нивните креации да го преобликуваат и да му дадат поинаква суштина, барем за миг, на она што е гнило и проблематично во светот.

„Не постои ништо поважно од континуитетот во градењето на институционалната меморија на нацијата. Фестивалот ‘Охридско лето’ е парадигма за токму таквиот континуитет, кој преку својот шеесет и три години грижливо архивиран и развиван институционален капитал остава темелни траги во меѓународната размена на културни и уметнички вредности“, рече Пендаровски.

Поврзани новости