1.1K
Телевизијата „Вистел“ на Владиката Петар односно Петар Каревски, почна да зрачи во етерот, а една од првите содржини пуштени на програмата утринава е филм со Македонци кои отишле во Русија да бараат жени, јавува Макфакс.
Во еден дел од филмот се појавува и самиот Владика Петар, во сцена од црква. На одјавната шпица од филмот во делот на соработници стои Преспанско-пелагониската епархија, додека во делот на „посебна благодарност“ е пишано: „до неговото Високопреосвештенство митрополит Австралиски и Новозеладски г. Петар“.
Телевизијата „Вистел“ е сопственост на фирмата „Преобразба ДООЕЛ Скопје“, чиј сопственик е Петар Каревски односно Владиката Петар. Начинот на нејзино финансирање засега е тајна. Ќе емитува целодневна програма.