Со фалсификувано уверение за платен данок учествувал на тендер за реновирање на Детска клиника, полицијата поднесе кривична пријава

by Fokus

Управител и сопственик на фирма која учествувала на тендерот за одржување и реновирање на Клиниката за детски болести доби кривична пријава за фалсификување исправа, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР велат дека единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј.(60) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

„Пријавениот, во својство на управител и сопственик на правно лице од Скопје, во текот на декември 2022 набавил фалсификувано уверение за платени даноци и придонеси и го пуштил во правен промет преку електронскиот систем за јавни набавки во ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести како прилог на тендерска документација, по претходно објавена отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка за одржување и реновирање на клиниката“, соопшти МВР.

Поврзани новости