15
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во „Click Plus“ на ТВ21 ја коментираше политичката иднина на главниот град.
„Со две раце потпишувам дека идниот градоначалник на Скопје ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Перински.
Перински изјави и дека досега немал разговор со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за евентуална кандидатура за градоначалник на Град Скопје, но не ја крие својата амбиција.