3
ДУИ го прослави 23-годишниот јубилеј од своето основање. Лидерот на партијата, Али Ахмети, по тој повод побара одржување предвремени парламентарни избори во исто време со локалните избори. Според него, ова е неопходен чекор за обезбедување стабилност и напредок во земјата.
Лидерот на ДУИ нагласи дека партијата во изминатите 18 изборни циклуси никогаш не изгубила и дека секогаш се борела за правата на Албанците и за почитување на европските стандарди.
Ахмети ја обвини опозицијата за политички прогон и дискриминација, особено за притисоци врз градоначалниците од редовите на ДУИ со цел тие да се повлечат од политиката. Сепак, тој порача дека членовите на партијата нема да се предадат на уцени и закани.