Со ДПМНЕ граѓаните имаат просечна плата 22.000 денари со СДСМ 40.000 денари, голема е разликата, велат од СДСМ

by Fokus

Со ДПМНЕ граѓаните имаат просечна плата од 22.000 денари. Во времето на ДПМНЕ просечната плата изнесуваше едвај 360 евра затоа што оваа партијата ги сметаше работниците како евтина работна сила, соопшти СДСМ.

„СДСМ го цени и го вреднува трудот на работниците и со правилни политики успеа просечната плата да ја издигне на историски најголеми досега 40.000 денари.

Голема е разликата, просечна плата со СДСМ од 40.000 денари а со ДПМНЕ од само 22.000 денари. Со СДСМ 290 евра повеќе во просек добиваат работниците со просечна плата.

СДСМ ја зголеми и минималната плата. Во времето на ДПМНЕ минималната плата беше околу 8.000 денари а со СДСМ минималната плата е 22.500 денари. За ДПМНЕ луѓето не беа важни тие фрлаа пари за споменици и барок, СДСМ ги враќа парите назад кај граѓаните.

Тоа е суштинската разлика во концептите на СДСМ и ДПМНЕ. Со СДСМ платите ќе продолжат да растат“ порачаа од владејачката партија.

Поврзани новости