405
Високата ограда била донација од компанијата ИГМ Трејд, а граѓаните ја поздравија акцијата за оградување на просторот околу болницата, каде во изминатите години секојднево доаѓаа по четри – пет коњи на пасење. Имено, во повеќе наврати изминатите години кавадарчани се обраќаа до медиумите, доставувајќи фотографии од коњите, чиј несовесен сопственик секое утро ги пуштал сами да дојдат во болничкит двор, а потоа пред стемнување, самите си го наоѓале веќе научениот пат до дома.
Од Општина Кавадарци ни потврдија дека компанијата ИГМ Трејд е донатор на оградата. Таа изнесувала околу 50.000 евра. Покрај оградата, болницата деновиве доби и комплетно реновирани тоалети, на чии ѕидови дури има и модерни слики.
ЈЗУ Општа Болница Кавадарци нема повеќе да има пасиште за коњи во зеленилото во дворот, откако деновиве интензивно се поставува метална заштитна ограда околу целиот објект.
Високата ограда била донација од компанијата ИГМ Трејд, а граѓаните ја поздравија акцијата за оградување на просторот околу болницата, каде во изминатите години секојднево доаѓаа по четри – пет коњи на пасење. Имено, во повеќе наврати изминатите години кавадарчани се обраќаа до медиумите, доставувајќи фотографии од коњите, чиј несовесен сопственик секое утро ги пуштал сами да дојдат во болничкит двор, а потоа пред стемнување, самите си го наоѓале веќе научениот пат до дома.
И покрај тоа што претставуваа голема опасност за возачите, но и за пешаците, додека сами се движеа по патот, никој не превзеде мерки да се запре со нивната секојдневна рутина.
-Денес бев во здравствениот дом, рано наутро, кога пред автомобилот ни излезе коњ, на среде пат. Се преплашивме, можевме да го удриме. Останатите коњи ги забележавме во дворот на болницата, како пасат. Се случува и навечер, кога е веќе темно, да излезат на патот. Тоа трае со години, цело Кавадарци знае, но никој не реагира. Треба ли некој да удри во нив? Тоа дека не можеш да пуштиш дете по улицата, веќе е друга приказна – ни изјави загрижена мајка која го носела своето дете во болницата лани.
Кога, по реакција на граѓани минатата година ,,Фокус,, се обрати до полициската станица во Кавадарци, од таму ни изјавија дека е јавна тајна како коњите секојдневно сами одат во болницата, но според нив, токму болницата била таа која требало да си превземе иницијатива за решавање на проблемот. Сега, откако околу болничкиот двор ќе биде целосно поставена оградата, коњите кои им задаваа маки на кавадарчани ќе мора да си најдат друго пасиште.
Од Општина Кавадарци ни потврдија дека компанијата ИГМ Трејд е донатор на оградата. Таа изнесувала околу 50.000 евра. Покрај оградата, болницата деновиве доби и комплетно реновирани тоалети, на чии ѕидови дури има и модерни слики.
Вики Клинчарова