Со делта сојот во државата се заразени две третини од позитивните

by fokus

Две третини од позитивните граѓаните во државата се заразени со делта сојот, истакна на денешната прес конференција министерот Венко Филипче.

-Последната анализа беше дека две третини од сите случаи, од направениот скрининг, се препишуваат на делта сојот. Следната недела треба да излезе новата анализа која ја прави Институтот за јавно здравје и лабараторијата на МАНУ. Тоа што е битно е без разлика дали пациентите се заразени со едниот или другиот сој правилата за вакцинација остануваат исти, истакна министерот Филипче.

Поврзани новости