Со „бмв Х6“ превезувал мигранти од Сирија, го фатиле, па избегал

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне во 18 часот на регионален пат 1102 кон с. Милетково од полициски службеници од Полициска станица – Богородица во патничко моторно возило „бмв Х6“ со скопски регистарски ознаки биле пронајдени девет лица мигранти од Сирија, а возачот го напуштил местото на настанот.

Лицата мигранти се сместени во ПТЦ-Винојуг Гевгелија за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости