650
Во склоп на традиционалната манифестација Струмички карневал, денес во Струмица се одбележа Чист понеделник, како прв ден од празникот Тримери.
На првиот ден од Велигденските пости, на плоштадот Гоце Делчев се служеше бел, незапржен грав, кој е еден од белезите на овој ден. -Така се варди и негува традицијата, така се чуваат нашите корени, истакна струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, кој беше помеѓу граѓаните кои беа послужени со бел грав. Струмичкиот карневал кој ќе трае до среда привлече голем број на посетители изминативе денови.
Најголем интерес има Интернационалната карневалска поворка, која се одржа во саботата, со над 1.000 маскирани карневалисти.
Вики Клинчарова