Со автомобилот удрил во полицаец кој го сопрел за прекршок

by fokus

Жител на струшкото село Октиси со возило удрил полицаец кој го сопрел поради сторен сообраќаен прекршок, информираа од МВР.

Настанот се случил во Струга. Кога полицаецот сакал да го легитимира возачот, тој одбил, го стартувал возилото, удрил во полицискиот службеник и избегал.

Полицаецот бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а за настанот е известен и јавен обвинител.

Поврзани новости