Во текот на вчерашниот ден, автомобил излетал од патот и пропаднал во одводен канал, инфорираа од МВР.
Според полицијата, вчера околу 23,55 часот во с.Батинци-скопско се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од Е.Л. (36) од с. Ќојлија излетало од патот удрило во бетонски ѕид а потоа пропаднало во одводен канал. Е.Л. и едниот сопатник И.Л.(38) се здобиле со тешки телесни повреди додека другиот сопатник А.Л.(37) се здобил со телесни повреди. Возачот бил пренесен во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“, додека сопатниците биле пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.