237
МВР информира дека синоќа во 21.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улица „7 Ноември“ во Охрид патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки удрило во паркирана работна машина, по што возачот го оставил возилото и го напуштил местото.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото, А.Д.(39) од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.