1
МВР информира дека синоќа околу 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.З.(24) од Скопје и патничко возило, по што возачот на патничкото возило со возилото го напуштил местото на незгодата.
Притоа, со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.