1.3K
Борис Мутков познат под прекарот Фантом, синоќа околу полноќ бил нападнат, односно во него било пукано со автоматско оружје, во скопската населба Бардовци. Напаѓачите пукале во него додека се возел во својот автомобил „мерцедес“.
Според информации на „Фокус“, возилото било изрешетено, а Фантом е повреден, но не е во животна опасност.
Мутков беше еден од оние граѓани кои на 27 април влегоа во Собранието, поради што беше осуден на условна казна затвор.