411
Кон крајот на неделава Државната изборна комисија ќе почне со теренска проверка на 100.436 записи во Избирачкиот список кои произлегоа како спорни од вкрстената проверка на податоците на Министерството за внатрешни работи и на другите институции.
Теренската проверка ќе ја вршат 374 овластени анкетари, раководени од првите луѓе на подрачните единици на ДИК.
Пасивно набљудување на процесот ќе може да вршат претставници на четирите најголеми политички партии
Денеска ДИК треба да одговори на прашањето како ќе го проверат статусот на оние 124.079 гласачи, за кои со надгласување во Комисијата беше решено да не се прават теренски проверки.