Општина Кавадарци вчера потпиша договор со Центарот за развој на Вардарски регион, за реализација на инвестициски проект за изградба на ,,Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарски плански регион”, со што официјално ќе започне постапка за изградба на истиот.
-Со овој проект преку третирање на бездомните миленици од страна на стручните служби од стационарот ќе постигнеме неколку стратешки цели на ниво на регионот како подигнување на безбедноста во регионот и намалување на штетите предизвикани од бездомните животни, но пред се нивно згрижување и грижа за истите-информираат од општината.
Проектот е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Амбасада, во вкупна вредност од 20.916.000,00 денари, односно над 340.000 евра. Општина Кавадарци учествува со земјиште и одобрение за градење на Регионалниот центар за згрижување на бездомните миленици и ветеринарното здравство.
Вики Клинчарова