Во предметот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство околу 315 прислушувани разговори го докажуваат обвинителниот акт за корупција во тогашниот државен врв при изградба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. На денешното рочиште во Кривичниот суд, адвокатите на одбраната побараа од СЈО да ги добијат снимките на рака, наместо да ги слушаат во просториите на обвинителството.
Специјалната јавна обвинителка, Лиле Стефанова, го повтори ставот на СЈО дека чувањето на бомбите е во нивна надлежност и дека тие ќе останат таму.
Во предметот „Траекторија“ се обвинети четири лица. Премиерот, Никола Груевски, се товари за примање награда за противзаконито влијание, поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески и поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски, се товарат за злоупотреба на службената положба. За истото дело е обвинет и поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишата, Љупчо Ѓорѓиевски.
Судењето по овој предмети му е доделено на судијата Горан Бошевски. Одбраната ја застапуваат од десетмина адвокати. Четворица од нив го бранат Груевски.