Владимир Егоров од БК Балканец од Штип, кој стана европски шампион во борење, е награден со 30.000 денари од страна на Локалната самоуправа.
Ваучерот му беше доделен на прием, од страна на градоначалникот Иван Јорданов, пред поголем број на присутни граѓани.
-Го пречекавме европскиот шампион во борење Владимир Егоров. Штип е единствениот град во Република Македонија којшто оваа година има вакви големи успеси и јас верувам дека овие успеси ќе продолжат и понатаму- информираше Јорданов.
Егоров ја освои титулата на првенството кое се одржа во Будимпешта, на 29-ти мај, а тогаш штипскиот градоначалник Јорданов за ,,Фокус” изјави дека штипјани ќе го гледаат финалето на Европското првенство во борење на градскиот плоштад, на голем видео бим и заедно ќе го бодрат Владимир.
Финалето се одржа со почеток од 19 часот, а потоа на истиот видео бим штипјани го следеа и фудбалскиот меч помеѓу репрезентацијата на Македонија и Португалија. Инаку, Егоров има руско потекло, а подолг период живее во Штип.
Вики Клинчарова