Според официјалните податоци на Републичката изборна комисија на Србија, врз основа на обработени 7.808 избирачки места од вкупно 8.273, листата, „Србија не смее да запре“ на парламентарните избори досега освоила 46,92 отсто од гласовите. На покраинските избори, на 1 647 од 1.776 обработени избирачки места, листата на СНС освоила 48,26 отсто од гласовите.
На второ место се најде листата „Србија против насилството“, која на парламентарните избори освои 23,28 отсто од гласовите, додека на покраинските избори освои 20,76 отсто.
Изборната листа „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“ е трета по бројот на гласови на парламентарните избори, со 6,61 отсто од гласовите. На покраинските избори оваа листа освои 5,15 отсто.
На покраинските избори Сојузот на Унгарците од Војводина освои 6,72 отсто.
На покраинските избори помина и коалицијата НАДА со 4,96 отсто од гласовите.
Коалицијата НАДА има 5,01 отсто од гласовите на парламентарните избори, додека „МИ – глас од народната листа на Бранимир Несторовиќ“ освои 4,67 отсто.
Според последните податоци, коалицијата на Двери и Заветници, „Народен собир“, не го надминува прагот ниту за парламентарниот ниту за покраинскиот парламент со освоени 2,8 и 2,29 отсто од гласовите.