Снопче: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ заедно ги бираа обвинителите и судиите кои ги кријат предметите за Мерко

by Fokus

Сеќавањата од „бомбите“ во кои се слуша како ДУИ, заедно со сега опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ги избираат обвинителите и судиите во Јавното обвинителство и во судовите во Македонија,  не може да ги амнестира од одговорност ВМРО-ДПМНЕ за случајот со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кои сега ја обвинуваат ДУИ дека е виновна, вели Халил Снопче пратеникот од партијата Алијанса за Албанците, која е дел од владината коалиција.

„Знаеме како се избрани и токму тие обвинители и судии се сè уште на функција и токму тие обвинители ги чуваат во фиоки случаите на актуелниот градоначалник Рамиз Мерко во врска со корупцијата. Господинот Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Рамиз Мерко дека Америка го ставила на црна листа, додека ние наводно не знаеме, па и бара одговорност“, изјави Снопче.

Според него изјавата на премиерот Димитар Ковачевски за Мерко е иронична, бидејќи тој бил изненаден што ние одвнатре не сме знаеле дека Мерко е корумпиран, а знаеле Американците.

Вчера Јавното обвинителство соопшти дека завршил вонредниот надзор врз сите заведени предмети против градоначалникот на Општина Струга, Размиз Мерко, како и во предметите поврзани со работата на Општина Струга во периодот кога тој ја вршел функцијата градоначалник.

Комисијата имала увид во вкупно 30 заведени предмети од кои најстарите завршени постапки датираат од 2006 година, при што и во еден дел од веќе решените предмети испратиле укажувања до јавните обвинители во однос на нивното постапување.

„Во исто време, членовите на Комисијата апелираа до надлежните јавни обвинители за поголема ажурност и ги охрабрија да го пријавуваат секој обид да се компромитираат постапките што се водат во јавните обвинителства. Исто така, на јавните обвинители уште еднаш им беше посочена и огромната важност за транспарентност и отчетност при водењето на сите постапки од интерес на јавноста“, изјавија од Обвинителството.

Поврзани новости