Сними спот на Закинтос, па порача дека името не го даваме

by Fokus
Фолк пејачката Анета Наковска вчера настапи на протестот за одбрана на името, кој се одржа на плоштадот Македонија во организација на движењето ,,Нашето име е наше право’’.

Пејачката која во изминатиот период не е активна во медиумите и на естрадата со нови музички материјали, пред присутните отпеа патриотска песна. Покрај патриотските песни, Наковска во својата дискографија има и повеќе модерни песни како ,,Џемс Бонд’’ ,,Кралица’’ ,,Ѓаволица’’ ,,Мачо мен’’ и други. Пред две години сними спот на грчкиот остров Закинтос за песната ,,Дај Џони’’.

Фолкерката која своевремено беше доста застапена во јавноста, по промоцијата на песната ,,Дај Џони’’ изјави дека поголем дел од времето минува на Флорида, Америка, кај својот партнер Спиро, нашинец по потекло од охридското село Велгошти. Гласините дека се омажила ниту ги потврди, ниту пак ги демантираше, но затоа пак со Спиро глумеа невеста и младоженец во спотот за нејзината песна ,,Да се родат дечиња’’.

Беше актуелна и во познатото балканско реално шоу ,,ВИП Големиот брат’’. Покрај Наковска, пред присутните запеа и Дамјан Стојаноски, син на починатиот фолк пејач Војо Стојаноски, кој неодамна се врати од својата голема турнеја во Австралија, додека мајка му Евица Камберова – Стојаноска беше една од говорничките на протестот.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости