(Видео) Снимено како го транспортираат телото на Навални: четири комбиња се движеа среден ноќ по заледен пат

by Fokus

Три дена по официјалното соопштение за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, неговото семејство сè уште не смее да го земе неговото тело, па дури и да го види. Во казнената колонија, мајката на Алексеј, Људмила Навални, била информирана дека телото на нејзиниот син е пренесено во мртовечницата во градот Салехард, но институцијата тврди дека телото не е кај нив.

Медиазона сега објави снимка од камерите, на која се гледаат четири комбиња како се движат по заледен пат во градот Лајбтнанга, кој е најблизу до затворот и градот Салехард, среде ноќ следени од службени возила од затворот го преминуваат замрзнатото пространство на реката Об кон Салехард. Се претпоставува дека телото на Алексеј Навални било во едно од овие комбиња.

Во документите од затворот, кои ги добила Људмила Навални, се наведува дека Алексеј Навални починал на 16 февруари во 14:17 часот. Еден затвореник од колонијата изјавил за Новаја газета Европа дека затворениците знаеле за смртта четири часа пред тоа. Официјалното соопштение за смртта на Навални дојде дури во 16:11 часот по локално време.

Локалната служба за итна помош соопшти дека лекарите пристигнале на колонијата во рок од седум минути и дека ја реанимирале жртвата повеќе од половина час. Неименуван работник за итна помош во Салехард, наводно, изјавил за Газета дека телото било пренесено во болница во Лабјтнанга, град на околу половина час возење од селото Харп, каде што се наоѓа колонијата.

Дури во вечерните часови на 16 февруари, според изворите, телото на навални било пренесено во мртовечницата на Окружната болница во Салехард.

Поврзани новости