Снимателот и тенкот кој пукаше право кон него: Имав таков адреналин, не знаев што се случи

by Fokus

Се појавија драматични снимки од првите денови на руската инвазија врз Украина, пред една година, објави Радио Слободна Европа.

Телевизискиот снимател Серхи Килимник користел аматерска опрема за да документира како руските војници го нападнале неговиот град Бородјанка, кога тенк пукал кон прозорецот од кој тој снимал.

Нападот беше во првите денови од руската инвазија, во време кога ниту одбраната на Киев не беше сигурна. Така е направена снимката која ја виде целиот свет:

„Сè ми се сруши. Имав таков наплив на адреналин што не ни знаев што се случи“, се сеќава Килимник.

„Сакав да снимам, бидејќи мислев дека ако луѓето видат што се случува овде, ќе заврши побрзо“, рече тој.

Поврзани новости