Снежно невреме во Европа

by fokus

Снежно невреме и силни ветришта зафатија повеќе земји во Европа во саботата предизвикувајќи големи материјални штети, а во Полска беа регистрирани и две жртви.

Како што пренесуваат агенциите, во Чешка, Словачка, Полска, сообраќајот беше парализиран, откако падна големо количество снег, што предизвика и бројни други компликации. Слично беше и во регионот, односно во Хрватска и во Србија.

Сообраќајот во Чешка е отежнат поради силните ветрови, соборени се многу дрвја, а околу 20.000 семејства кои ги користат услугите на енергетската компанија E.ON, како и 70.000 домаќинства кои ги користат услугите на компанијата ЧЕЗ, останаа без струја, пренесува чешкиот портал idnes.cz.

Поради обилните снежни врнежи, Словачка има проблеми пред се на северот на земјата, каде поради силен ветер и снег се затворени многу ски центри и патишта, а поради лошото време дошло до верижен судир на 30 автомобили, пренесува чешкиот портал. seznam.cz.

Поврзани новости