Снежна бура во САД, над 200 илјади домаќинства без струја

by Fokus

Големата зимска бура, која погоди милиони Американци, донесе леден дожд и снег во централниот дел на САД, додека авиокомпаниите откажаа илјадници летови. Властите ги повикаа жителите да не патуваат, бидејќи сообраќајот е во колапс.

Голем број училишта се затворени, а во некои делови од земјата има и прекини на електричната енергија. Според веб-страницата FlightAware.com која ги следи летовите, речиси 8.000 летови во САД кои беа закажани за среда или четврток се откажани. Речиси 700 летови беа откажани само во четвртокот на меѓународниот аеродром Далас-Форт Ворт, а повеќе од 300 на аеродромот Далас Лав Филд. Повеќе од 200.000 домаќинства и компании останаа без струја.

 

Поврзани новости