Снежна бура во САД

by fokus

Зимската бура која во понеделникот со силни снежни врнежи и силен ветар зафати делови од источниот брег на САД, донесе и до 40 см снег.

Поради тоа сојузните служби и училиштата сопреа со работа, а дојде и до одлагање на летови и исклучување струја за голем број домаќинства.

Националната метеоролошка служба најави 12 до 25 см снег и ветришта до 64 километри на час, во текот на првата снежна бура во тој дел од Америка сезонава, пренесе Ројтерс.

Од Северна Каролина до Њу Џеси. Националната метеоролошка служба извести дека во главниот град Вашингтон паднале 21,59 см снег, 22,86 см во источно Тенеси, 37 см во Вирџинија и 39,37 см во Мериленд.

Поврзани новости