781
Снема струја во студиото на интернет телевизијата НОВА ТВ, додека траеше дебата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кому прашања имаа можност да му поставуваат корисниците на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук. По ова, дебата беше прекината и не продолжи.
НОВА ТВ им се извини на гледачите на својата официјална Фејсбук страница и рече дека немаат објаснување кои се причините за прекинот на струјата.
-Снема струја во СТУДИО на НОВА ТВ, за што немаме објаснување, заради тоа е и прекината дебатата на Фејсбук и Твитер корисниците со Зоран Заев. Се извинуваме и ви благодариме за учеството, стои во објавата на Фејсбук страницата на НОВА ТВ.