Снегот во Крушево донесе нови туристи, градоначалникот вели: Градот не е веќе анонимна дестинација!

by fokus

Снегот кој заврна изминатиот викенд во Крушево го зголеми бројот на туристите во градот. Бројот на постетители постојано се зголемува, а за тоа е задоволен и првиот човек на градот Томе Христоски.

„Ние ќе продолжиме да ја подобруваме инфраструктурата, да го промовираме Крушево на Балканот и во Европа и ќе ја нудиме нашата соработка на угостителскиот сектор.

Крушево веќе не е анонимна дестинација, Крушево е растечка туристичка атракција во меѓународни рамки“, соопшти Христоски на својот профил на Фејсбук.

ФОТО – Викенд во Крушево

 

Поврзани новости